октомври 27, 2024

Денеска почина актерот Жарко Лаушевиќ.

Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска, 15 ноември 2023 година.

Почина актерот Жарко Лаушевиќ | Животот му го одбележа двојното убиство од 1993 година
Бизарна и бесмислена кражба на матични клетки во Германија
Македонија, но и Бугарија или Грција ќе треба да го отворат небото ако Лавров доаѓа во Скопје
ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ИСЛАНД – Земјата буквално се отвара, се очекува голема ерупција
АХВ: Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува

Жарко Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, а дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, во 1982 година, кога станал член на Југословенскиот драмски театар. Тој ќе остане запаметен како еден од најталентираните актери во поранешна Југославија, кој се истакна и со посебен шарм и со мистерија карактеристични за меланхолиците. Списокот на ликовите што ги отелотвори е долг, но тој не беше шмекер само во истоимениот филм, туку и во речиси сите продукции во кои се појавуваше.

Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во филмот „Прогон“. Истата година игра значајни улоги во филмовите Савамала и Директан пренос. Многу брзо добива една од главните улоги во ТВ серијата Сиви дом (1984), која му донесе голема популарност. После тоа, играше улоги во повеќе од дваесет филмови и телевизиски серии, меѓу кои: Шмекер (1985), Свечена обврска (ТВ) (1986), Се случи на денешен ден (1987), Офицер со роза (1987), Браќа по мајка (1988), Битката во Косово (1989), Оригинален фалсификат (1991), Подобро од бегство (1993), Кажи ми зошто ме остави (1999), Нож (1999).

Жарко и неговиот пет години постар брат Бранимир, познат како Мили, на 31 јули 1993 година беа нападнати од група хулигани во близина на кафеаната „Епл“ во Подгорица. Во таа прилика Жарко со својот пиштол ЦЗ-99 ги уби напаѓачите Драгор Пејовиќ и Радован Вучиниќ, а тешко го рани Андрија Кажиќ, додека овој се приближуваше да им се придружи на напаѓачите. Лаушевиќ е осуден на 13 години затвор за двојното убиство.

Почина на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.

Балканската јавност го знае по улогите во најдобрите серии и филмови и неговата смрт е голема загуба за сите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK