октомври 27, 2024

Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.

Според него, пожарот бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.

Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.
OhridNews

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK