октомври 27, 2024

Ратка Куноска Камчева – мајката на македонскиот бизнисмен Орце Камчев, потоа рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина се најновите имиња кои се најдоа на црната листа на САД, објавена денеска.

Во одлуката се наведува дека лицата и компаниите кои се опфатени со санкциите се ставени на листата поради коруптивните и незаконски активности, како и поради нивната поврзаност со Орце Камчев, кој беше ставен на црната листа во јули годинава.
Денешното соопштение е предупредување за поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја искористуваат довербата на народот дека Соединетите Држави бараат одговорност од корумпираните актери. Оваа ознака е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство“, се наведува во соопштението испратено на американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

Меѓу компаниите кои се опфатени со санкциите се заедничката обложувалница на Самсоненко и Камчев „Бет Сити“, потоа „Орка Холдинг“, „Камчев Консалтинг“, „Орка Фајнанс“ и „Систина лајф кер центер“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK