септември 23, 2024

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на тркалезната маса „Заедно во заштита на менталното здравје на децата и младите“ во Загреб, Република Хрватска, информира МТСП.

Во обраќањето Тренчевска истакнала дека темата која што ќе се дискутира е од особена важност за Министерството за труд и социјална политика и посочила дека создавањето средина во која секое дете ќе ги има потребните услови за раст и развој како и воспоставување социјални услуги за поддршка на семејствата и децата е клучна заложба на Република Северна Македонија.

-Владата на Република Северна Македонија е посветена на градење на сеопфатен пристап за заштита и превенција на децата од насилство. Поради тоа, формирано е Национално координативно тело за превенција и заштита на децата од злоупотреба и запоставување, со кое претседава министерот за труд и социјална политика. Ова тело ја создаде Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025) и Акциониот план (2020-2022), рекла Тренчевска.

Таа ги истакнала нејзините лични заложби и заложбите на државата за заштитата на децата и спречувањето на пренесување на трансгенерациско насилство и сиромаштија. Посочила дека тоа е насоката по која ќе се работи во наредниот период.

-Министерството за труд и социјална политика е клучно и за децата на улица, кои се социјално загрозени, запоставени и запоставени. Затоа годинава го промовиравме „Протоколот за работа со деца на улица“ во кој покрај директната заштита на децата, за првпат се предвидува и работа со нивните родители, за зајакнување на нивните капацитети, потенцирала министерката Тренчевска.

Таа додала дека досегашните имплементирани услуги кои се имаат покажано како успешни во системот на Хрватска ќе бидат клучни за Република Северна Македонија во развојот на нови услуги во системот на социјална заштита.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK