октомври 27, 2024

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска изјави дека Македонија не стравува од какви било вооружени инциденти на нејзина територија, но дека сме загрижени за секој обид за дестабилизација. Ова таа го порача на прес-конференција на 20. јубилеен министерски состанок во Скопје на кој учествуваат министри за одбрана и високи претставници на земјите членки и земјите набљудувачи на САД, Јадранската повелба.

Според Петровска, нема опасност за Македонија и нарушување на нејзината безбедност и стабилност, но останува повикот до сите релеватни фактори активно да учествуваат во политичките дијалози за да придонесат кон безбедност во регионот.

Фокусот на состанокот беа случувањата во Косово и во регионот, но и влијанието на руските дезинформации. Петровска нагласи дека земјата сака да учествува во процеси кои ќе доведат до помирување и до просперитетна иднина.
Помошник секретарката за одбрана на САД, Селест Валандер вели дека се посветени на обидите да придонесат за стабилноста на Западен Балкан и на европската и светската безбедност.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK