октомври 27, 2024

Дејвид Камерон, новоименуваниот шеф на британската дипломатија , денеска во Киев му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина.

МОРСКИ ЛАВ РАСПАРЧИ АЈКУЛА: Неверојатна снимка од судир на предатори, борбата траела 3 минути, посетителите биле вчудовидени (ВИДЕО)
ФРАНЦУСКИ СЕНАТОР УАПСЕН ЗА ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ: Дрогирал пратеничка, невиден скандал, полицијата открила наркотици
Мистерија во Британија: Кит долг 16 метри исфрлен на брегот, сите го поставуваат истото прашање
Поради видео за ТикТок се случи катастрофа: Трендот на снимање за социјалните мрежи однесе уште еден живот! Емир летал 50 метри
Во кој момент жената пребрзо старее: Запомнете го овој цитат од Ремарк за тоа како животот создава брчки на лицето

Пристигнувањето на Камерон во Киев е негово прво патување во странство од неговото назначување за министер за надворешни работи.

– Сакав ова да биде моја прва посета. Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред се воена поддршка што ви е потребна не само оваа и следната година, туку се додека е потребна – рече Камерон на средбата со Зеленски, соопштија од украинското претседателство.

Володимир Зеленски, Дејвид Камерон
Зеленски му се заблагодари на Камерон за неговата посета.

– Ви благодариме што дојдовте, ова е многу важно. Светот не е фокусиран на ситуацијата на бојното поле во Украина… поради кризата на Блискиот Исток – рече Зеленски.

Тој изјави дека на состанокот со британската делегација се зборувало за „доставување оружје на фронтот, зајакнување на воздушната одбрана, заштита на украинското население и основната инфраструктура“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK