октомври 28, 2024

Кремљ ја обвини Финска дека го избрала патот на конфронтација со Русија, откако Хелсинки објави дека од полноќ планира да затвори четири премини на заедничката граница. Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, рече дека Финска прави „голема грешка“.

– (Може) само да се изрази длабоко жалење што финските власти тргнаа да ги уништуваат билатералните односи – рече тој, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Песков истакна дека двете земји отсекогаш имале заемно корисни и почитувани односи.

Зеленски најави потенцијал за војна на Балканот, Пленковиќ: Неговата порака е јасна
РУСИТЕ ДОБИЈА НОВИ ДРОНОВИ КАМИКАЗЕ! „Скалпел“ веќе пристигна на фронтот – поевтин е од неговиот „постар брат“, домет дури до 40 километри
Украинска армија: Русија изврши голем напад со дронови врз Украина, погодени инфраструктурни објекти
ДРАМА ВО ШПАНИЈА: Пензионираните генерали бараат армијата да изврши ПУЧ и да го смени премиерот Санчез
КОВАЧЕВСКИ СИГУРЕН ВО СЕБЕ: По изборите, јас пак ќе бидам премиер и ќе ја внесам Македонија во ЕУ

„Русија никогаш не и се заканувала на Финска во модерната историја, немавме причина за каква било конфронтација. Сега тие го избраа овој пат. Од наша гледна точка, ова е голема грешка“, додаде тој.

Одлуката за затворање на граничните премини дојде откако Хелсинки ги обвини руските власти дека упатуваат мигранти во Финска како одмазда за нејзината одлука да ја зголеми одбранбената соработка со САД.

Фон дер Лајен им се заблагодари на Финците
Кремљ категорично ги отфрли ваквите обвинувања. Финската граничари најави дека ќе бидат поставени бариери на четири од деветте премини за да се „спречи влезот“. Околу 300 баратели на азил, главно од Ирак, Јемен, Сомалија и Сирија, пристигнаа во Финска оваа недела, соопштија граничните власти.

Речиси 100 од нив влегле од Русија само до денеска напладне, според финските власти. Барателите на азил кои пристигнуваат преку Русија од утре ќе можат да поднесуваат барања само на двата северни гранични премини, Сала и Варчиус, изјави Мати Питканиити, шеф на граничната служба за меѓународни прашања.

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, вчера им се заблагодари на финските власти за заштитата на надворешната граница на блокот. „Руската инструментализација на мигрантите е срамна“, рече таа. Граничните премини кои ќе бидат блокирани на полноќ се: Ваалимаа, Нуиџамаа, Иматра и Ниирала.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK