мај 6, 2026

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари тет-а-тет средба со својот словачки колега Ладислав Каменицки, на која беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

На средбата, како што информира Димитриеска-Кочоска, била изразена силна поддршка од страна на Словачка за евроинтегративниот процес на Македонија, како и подготвеност за споделување на искуства и експертиза, особено во областа на јавните финансии, борбата против даночното затајување и управувањето со јавните инвестиции.

Таа потенцира дека Владата останува цврсто посветена на спроведување на реформите, одржување на макроекономската стабилност и создавање услови за забрзан економски раст.

„Заедничката цел е јасна – посилна економија и унапредена соработка меѓу двете земји“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Share

The post Димитриеска-Кочоска: Македонија ја има цврстата поддршка од Словачка за европскиот пат и реформите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK