мај 6, 2026

Федерико Валверде и Орелијан Чуамени физички се пресметале на тренингот на Реал Мадрид, пишува „Марка“.

На крајот од сезоната, Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми кои ги надминуваат настаните на теренот.

Според шпанските медиуми, тензиите во тимот излегоа на површина за време на еден од тренинзите, кога имало жесток дуел помеѓу Валверде и Чуамени.

Според „Марка“, сè започнало по остар дуел во играта, по што ситуацијата ескалирала. Размената на груби зборови се претворила во туркање на теренот, а вербалната дискусија продолжила и по тренингот, во соблекувалната.

Овој инцидент дополнително ги разгоре приказните за лошите односни во тимот. Не е прв пат да има искри меѓу играчите – Антонио Ридигер и Алваро Карерас неодамна беа во центарот на вниманието, чиј конфликт подоцна беше ублажен во јавноста, но не помина без последици за атмосферата.

Сето ова се случува во деликатен момент за „кралскиот клуб“. Без јасно дефинирани цели на самиот крај и со притисокот од претстојното Ел Класико против Барселона, ситуацијата во соблекувалната дополнително ја комплицира веќе турбулентната сезона.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Тепачка на тренингот на Реал пред дуелот со Барселона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK