мај 21, 2024

„Фокус“ открива каде деновите ги минувала поранешната министерка, која неодамна се пожали дека условите во затворот се лоши.
При посетата на најголемиот затвор во земјава, „Идризово“, „Фокус“ ја посети и ќелијата каде поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја издржуваше затворската казна, во женскиот дел од затворот.

Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
Најпознатата затвореничка од овој дел, неодамна го напушти затворот. Во нејзината соба е сместена друга затвореничка.

Собата каде што била сместена, на прв поглед изгледаше пристојно. Со нови прозорци, релативно нов под и удобно наместена.

Спроти нејзината соба е собата на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. Излезе на кратко од собата со насмевка на лицето. Внатре беше со цимерката и кратко само нѐ поздрави.

На 1 ноември, Јанкулоска по три години, излезе од затвор откако Апелацискиот суд во Скопје ја уважи нејзината молба за условен отпуст од натамошно издржување на затворската казна за случајот „Тенк“.
Извор: Фокус

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK