ноември 21, 2024

Легендарниот Здравко Чолиќ вчера вечер му се придружи на Дино Мерлин на концертот во Старк Арена во Белград.

Двајцата ја испеаја песната „Да ти кажем шта ми је“, од истоимениот албум на Здравко, кој го издаде во 1990 година. Напишана е од Мерлин.

Музичкиот магионичар вчерашниот концерт го започна со изведбата на песната „Да шутиш“.

„Вие сте фантастични! Ова е мојот град, многу ми недостигавте. Оваа сцена, сето ова е како порано“, рече тој.

Во публиката имаше и бројни познати личности од Србија, меѓу кои пејачката Маја Беровиќ, директорот на Партизан Остоја Мијаиловиќ и неговата сопруга Милица, Реља Поповиќ, Николија Јовановиќ…

The post (Видео) Легендарниот Здравко Чолиќ му се придружи на Дино Мерлин на концерт во Белград appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK