мај 6, 2026

Вкупно 152 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава. Како што соопшти МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, едно возило над 70 километри на час, 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 85 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK