Најмалку две лица се убиени, а уште четири се ранети во пукањето во главниот град на Франција, Париз.
Весникот „Le Parisien“ јавува дека од огнено оружје кон минувачите пукал човек на возраст од околу 70 години во улицата Енгиен, во 10-тиот париски округ. Според првичните информации, во пукањето се убиени две, а ранети се четири лица.
Во соопштението на париската полиција се наведува дека едно лице е приведено на местото каде се случи нападот. На местото на настанот се ангажирани бројни безбедносни и спасувачки екипи.
Сѐ уште нема официјална изјава за деталите и мотивите за нападот.
TRT Balkan
Следете не, не има насекаде