октомври 28, 2024

Четворица мажи денеска беа осудени на доживотен затвор на судењето за смртта на Ешли Дејл (28), која беше застрелана и убиена во семејната куќа во август минатата година.

Ја убиле со автоматско оружје членови на криминална банда кои, како што пишува британски Дејли Мејл, имале проблем со нејзиното момче.

ВИДЕО | “ЌЕБАПИ ИЛИ БУРЕК ?“ – Александар Вучиќ стана и “тиктокер“ и е вистински хит на социјалната мрежа
Декември им носи среќа на овие хороскопски знаци
Александра Пријовиќ ја чува бившиот телохранител на Цецa: Откриено е зошто повеќе не работи за Ражнатовиќ
Вооружени лица ограбиле менувачница во Скопје
Ова е новиот Азовстал! Местото на најжестоката тепачка (ВИДЕО)

Во прашање се Џејмс Висам (41) кој ја уби, неговиот возач Џозеф Пирс (29) заедно со Ниал Бери (26) и Шон Цајс (28) кои го организирале убиството од соседниот стан.

На судењето беше кажано дека Бери, кој водел трговија со дрога во Каунти Лајнс, го наредил нападот по долготрајна расправија со момчето на убиената девојка.

Бери и Ли Харисон, момчето на убиената Ешли, пред три години се скарале поради наводна кражба на дрога.

– Без Ли Харисон ова немаше да се случи – изјавила видно депресивната мајка на Џули Дејл.

Мајката изјавила дека по пресудата била повеќе лута на Харисон отколку на самиот убиец.

Ешли беше застрелана со автоматска пушка „Скорпион“ во нејзиниот дом во Олд Свон, Ливерпул, на 21 август 2022 година. Таа беше една од петте невини жртви убиени минатата година среде ескалацијата на насилството меѓу нарко бандите од Мерсисајд.

За време на судењето, обвинителот Пол Грини раскажал како госпоѓа Дејл била застрелана во стомакот од убиецот, а соседите го пријавиле случајот во полиција, која ја затекнала како умира во задниот двор од нејзината куќа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK