октомври 28, 2024

Нарекувајќи ја вештерка, Богдан Илиески ја поздрави одлуката за разрешувањето на обвинителката Вилма Русковска од функцијата. Тој беше обвинет токму од неа за настаните кои се случија во Собранието на „27 април“. Во низа наврати ја критикуваше и укажуваше дека поради неа, невини луѓе лежат по затворите. На социјалните мрежи, Илиевски кажа дека денешниот ден е голем, бидејќи Русковска ја смета за: „вистинска штета што воопшто се родила“:

„Советот за јавни обвинители донесе одлука, па ВиРус ја зеде метлата вештерска и летна од обвинителската функција. Следно на што сакам да се радуваме е да слета со метлата во затвор, каде праќаше невини луѓе, затоа што е гнаса гнасосана. Да се оствареше нејзиниот план за мене јас немаше да имам деца. А бидејќи се остварил нејзиниот план за десетици и десетици други луѓе, други луѓе немаат деца или не си ги гледаат, воспитуваат и чуваат децата, нивните животи се уништени, фамилиите им живеат во агонија, сите во државата немаат доверба во системот – а да не заборавиме дека учествуваше и во процесот за обезбедување на гласови за промена на името на Македонија. За гревовите еден ден ќе и суди Господ, ама треба и ние тука да си ја завршиме земната работа. Засега е добро. Засрамена и понижена може комотно да земе еден гигантски корнишон и да си го напикат во поганата разговнета лажлива корумпирана уста“ напиша Илиески.

Тој додава дека Русковска користела и лажни сведоци за предемтот „27 април“.

„За 27-ми април беа користени лажни сведоци криминалци, употребувани како тајни сведоци лица со ефективни пресуди за опасна корупција, беа вадени изјави од контекст, беа криени докази во корист на обвинетите, беше направено се за скапаницата Вилма и нејзината верна Кацарска да ги осакатат луѓето и нивните фамилии, да го исплашат народот и да ја клекнат државата. Се противеше и на амнестијата, не можеше нејзиниот расипан болен мозок да поднесе да не влеземе сите во затвор, иако истеравме 13 месеци во притвор по методот „го ставив во притвор и го заборавив хахаха“, кој што често го практикуваше. Воедно уште еднаш тука сакам да ти кажам вештерке пичкатиматер расипана бедна“, додаде Илиески.

Потоа, посочува: „затоа, сега е време за славење“.

„Ве молам каде и да сте, ако имате шанса, да се напиете по една ракија, пивце или винце и да си спомнете за стоката смрдена која од денес е обичен цивил и засрамена и понижена како што заслужува ја завршува својата смрдена кариера полна со уништување животи на невини луѓе. А својот живот заслужува да го продолжи онаму каде праќаше невини луѓе – во муфлите, студот и чучавците во Шутка. Така што гнасна вештерко, не се збогуваме тука. Имаш уште за отслужување. Дотогаш, да се радуваме!“, додаде Илиески.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK