октомври 28, 2024

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во гостување на Канал 5 Телевизија, изнесе детали од полициската акција што се случи утрово во Струга.

„Денеска се спроведе обемна полициска акција на подрачјето на Струга, Одделот за сузбивање на сериозен и огранизиран криминал, заедно со Одделот за специјални полициски операции и заедно со ОВР Струга и надлежно ЈО за гонење организиран криминал спроведоа една обемна акција за разбивање на една голема група која делувала на подрачјето на Струга. Станува збор за 23члена организирана криминална група, во којашто еден од нив е од Охрид, еден е албански државјанин кој живеел во Струга, а другите се сите од Струга. Во моментов, приведени се 19 лица, по три се трага, а едно од лицата од групата веќе има сторено кривично дело по кое има мерки на претпазливост“ порача Спасовски.

Тој додаде дека биле извршени претреси на 36 локации, каде се пронајдени кокаин, марихуана, други видови на дрога, пари, автомобили…и дека се уште се обезбедуваат и други докази против криминалната група.

„Станува збор за група која вршела продажаба на дрога и оружје и лица кои се однесувале насилнички во целиот период на истрага“ посочи Спасовски додавајќи дека оваа акција е само еден дел од како што вели тој, војната против криминалот во државата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK