Навивачите го избраа најубавиот гол на последното Светско првенство во Катар.
ФИФА соопшти дека победата во селекцијата ја извојува со голот на Бразилецот Ричарлисон во натпреварот од првото коло против Србија (2:0).
Бразилскиот напаѓач ги постигна двата гола на споменатиот натпревар.
Вториот и официјално ќе остане најубав, а тоа го постигна со тоа што елегантно ја прими топката која Винисиус Јуниор му ја додаде на средината од шеснаесетникот, а потоа со акробации и удар од ,,агол” ја испрати во небранетиот дел од мрежата на српскиот голман.
Следете не, не има насекаде