септември 22, 2024

Пејачот Масимо Савиќ почина на 61-годишна возраст по кратко боледување во Загреб, а тажната вест ја потврди и Aquarius Records.

Неговата сопруга Ени и ќерката Мирна се простија од Масимо со емотивна објава на социјалните мрежи.

„По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и Мирна“, гласеше нивната објава.

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK