Ева Таво (24), ќерката на поранешниот министер за здравство на Албанија, Вангело Таво, загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Македонија.
Ева загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот.
Трагичната врска ја потврди Таво на социјалните мрежи.
„Ова се најтешките зборови што ги напишав во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавите години, токму таква каква што беше. Погребот ќе се одржи во четврток на 30 ноември во 11 часот во Јоргукат“, напиша поранешниот министер.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Македонија, несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, на патот Тетово-Скопје.
„На 28 ноември околу 14,00 часот било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза, на потегот Тетово – Скопје, возило „ауди“ со албански регистарски ознаки, управувано од државјанин на Албанија, В.М.(40), излетало од пат. Во возилото била Е.Т.(24), државјанка на Албанија, која од повредите починала на лице место. Лекарите констатирале смрт. Со тешки телесни повреди се здобила В.М.“, се вели во полициското соопштение.
Засега не е утврдено како и зошто возилото се превртело.
Следете не, не има насекаде