ноември 24, 2024

Сергеј Рјабков, заменикот на рускиот министер за надворешни работи, денес изјави дека е малку веројатно дека односите меѓу Русија и НАТО ќе се нормализираат во догледна иднина.

„Москва е подготвена да изнајде заеднички јазик само на рамноправна основа и заемно почитување, но тоа секогаш било проблем за Северноатлантскиот сојуз и неговите земји членки“, рече Рјабков во интервју за дневниот весник „Известија“.

ДРАМА НА СЕВЕР ОД ЕВРОПА! СТРАВ ОД ИНЦИДЕНТИ НА БАЛТИКОТ: Десет земји испраќаат војска, за прв пат е активиран посебен механизам!

Десетте северноевропски земји кои ги сочинуваат Здружените експедициски сили (ЏЕФ) во вторникот одлучија да ја активираат „одбранбената клаузула“ која овозможува распоредување на дополнителни воени ресурси за заштита на инфраструктурата во …

На прашањето дали е можен судир меѓу Русија и НАТО во отсуство на можности за нормализација, Рјабков рече дека тоа зависи од Алијансата.

„Русија е подготвена да ги брани своите национални интереси со сите средства што ги има на располагање“, рече Рјабков.

Тој смета дека нема изгледи за мировни преговори со Украина, бидејќи Западот, кој го поддржува Киев, повторува како мантра дека формулата за мир на претседателот Владимир Зеленски е единствена основа за договор, а на таква основа дијалог не е можен.

Што се однесува за контролата на вооружување, Рјабков рече дека нема нацрт-договор меѓу Русија и САД за продолжување на Договорот за намалување на стратешкото вооружување (Нов СТАРТ), кој истекува во февруари 2026 година.

Меѓутоа, Рјабков рече САД грешат доколку очекуваат победа во следната трка во вооружување ако СТАРТ-3 не биде обновен.

„Нема да наседнеме на провокациите кои се многу карактеристични за американската политика кон Русија, но загарантирано ќе ја обезбедиме нашата сигурност“, рече Рјабков.

Тој ја повтори својата претходна проценка за можноста за прекин на руско-американските дипломатски односи.

„Но ние одново и одново нагласуваме на различни нивоа дека руската страна никогаш нема да направи таков чекор. Доколку се случи тоа, ќе биде последица на одлуки и акции од страна на Вашингтон“, додаде Рјабков.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK