ноември 24, 2024

Foto/ Reuters
Спектаклите на „Ла Луж“ во Лисабон и на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, односно импресивното прво полувреме на Арсенал ги обележаа вечерните натпревари во Лигата на шампионите, во групите А, Б, Ц и Д.

Во А групата, Копенхаген успеа да остане непоразен во Минхен и дополнително да ја закомпликува ситуацијата во групата. Претхдно, Галатасарај и Манчестер јунајтед одиграа 3:3.

Баерн е осминафиналист уште од минатото коло, има 13 бода, Копенхаген и Галатасарај по пет, а Јунајтед четири.

Во последното коло Копенхаген ќе го пречека Галатасарај, а баерн ќе гостува кај Манчестер јунајтед.

Арсенал, во Б групата, го декласира Ленс и си ја обезбеди првата позиција во групата. „Тобџиите“ се 11. тим кој обезбеди место во осминафиналето пред натпреварите од последното коло.

Арсенал во периодот од 13 до 45.минута го торпедираше Ленс. За 32 минути играчите на Арсенал постигнаа пет гола, стрелци беа Хаверц, Габриел Жесус, Сака, Мартинели и Едегард. Во вториот дел конечните 6:0 ги постави Жоржињо од пенал.

Арснеал има 12 бода, ПСВ осум, Ленс пет, а Севилја два бода.

Реал во петтиот меч ја забележа петтата победа. „Кралскиот клуб“ го победи Наполи со 4:2. Џовани Симеоне, синот на тренерот на Атлетико го постигна првиот гол во деветата минута, но Реал експресно направи пресврт со головите на Родриго и Белингем.

На почетокот на второто полувреме израмни Самби Ангуиса.

Во последните 15 минути Реал изврши силен притисок, Хоселу промашуваше од сите позиции. Во 83.минута дебитантот Николас Паз го постигна третиот гол за Реал, со голема помош на голманот Мерет. Во самиот финиш точка на натпреварот стави Хоселу.

Елиф Елмас играше за Наполи од 66.минута.

Во вториот меч Брага и Унион Берлин ремизираа 1:1. Брага од 30 минита играше со фудбалер помалку. Предноста на теренот Унион ја искористи и на полувреме замина со предност 0:1. Робин Госенс беше стрелец. Во 52.минута Џало го постави конечниот резултат.

На табелата во Ц групата Реал води со 15 поени, Наполи има седум, Брага четири, Унион Берлин два бода.

Во Лисабон, Интер успеа да се врати по негативата од три гола и да ремизира со Бенфика. Симоне Инзаги излезе со комбиниран тим и таа одлука скапо ја плати во првиот дел.

Поранешниот играч на Интер, Жоаоа Марио постигна хет-трик во првиот дел.

Во второто полувреме Арнаутовиќ намали на 3:1, вториот гол го постигна Фратези, а конечниот резултат го постави Алексис Санчез од пенал.

Реал Сосиедад и Салцбург, во Сан Себастијан одиграа 0:0.

Интер и Сосиедад имаат по 11 поени и во последното коло ќе решаваа за победникот во групата, Слацбург има четири, а Бенфика еден бод.

The post (Видео) Интер во Лисабон од 0:3 до 3:3, Реал го победи Наполи, Арсенал го декласира Ленс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK