Данскиот тенисер Холгер Руне сезоната, ја заврши меѓу најдобрите 10 во светот. Младиот Данец успеа да освои само една титула во 2023 година, кога беше најдобар во Минхен, што е полошо од пред една година кога успеа да дојде до три титули.
Сепак, оптимист е за следната година, Руне почна да работи со Борис Бекер, кој му беше тренер на Новак Ѓоковиќ и кој му помогна на српскиот тенисер да дојде до самиот врв на светскиот тенис.
„Многу ми е важно да имам некој со мене кој има големо искуство. Секогаш кога сме на тренинг, учам нешто ново. Секогаш кога нешто ме интересира, го прашувам и добивам одличен одговор“.
Руне за 2024 година има само една желба.
„Бо сакал да го поразам Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен“, изјави Руне.
Првиот Грен слем во сезоната Австралија опен ќе се игра од 14 до 28 јануари.
The post „Сакам титула на АО со победа над Ѓоковиќ во финалето“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде