Одделението за внатрешни работи-Радовиш поднесе кривична пријава против полицаецот кој нападна лице со посебни потреби.
„Денеска (29.11.2023), Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(29) од село Конче, општина Конче, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот закон.
Тој се сомничи дека на 26.11.2023 пред продажен објект во село Дедино, општина Конче, физички го нападнал И.Ј.(44) од село Дедино, лице со здравствени проблеми.„
Пораликс известуваше за случајот вчера, а освен Игор Јанев кој што беше претепан, и сопствениците на продавница биле жртви на малтретирањето на полицаецот кој според нив бил во алкохолизирана состојба.
Следете не, не има насекаде