ноември 21, 2024

Преполни контејнери и купишта смет околу нив. Ваква е сликата веќе трет ден во Тетово откако вработените во секторот „Комунална хигиена“ при „ЈКП Тетово“ решија да не го подигаат и транспортираат сметот се додека претпријатието не им ги исплати заостантите плати и придонеси.
Ваква лоша слика само во Тетово може да се види, мини диви депонии на сите страни. Тетово е град со голем број население со многу стопански гранки од кои се полни општинскиот буџет, како може да нема пари за вработените на ЈКП Тетово и со право штрајкуваат, но парите очигледно кои се наменети за нив завршуваат во некој друг џеб“, вели еден жител на Тетово.

Деновиве поради врнежите од дожд воздухот во градот се расчисти, но очигледно тетовци не можат да се спасат од еколошки катастрофи, сега смрдеа од преполните контејнери се шири низ целиот град“, додава друг тетовец.
Sloboden Pecat

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK