ноември 24, 2024

НАСКАР, шампионатот во автомобилизам со седиште во САД, е многу популарен во оваа северноамериканската земја. За тоа сведочи и новиот договор за телевизиските права што го потпиша раководството на првенството, целата соработка вреди нереални 7,7 милијарди долари.

Договорот ќе трае од 2025 до 2031 година, а во него се воведени новини во однос на претходниот договор: елементи на „стриминг“ и уште два медиумски партнери.

Досегашните медиумски партнери, Фокс спорт и Ен-би-си ќе останат, а сега трките во овој шампионат ќе ги пренесуваат и Варнер Брос, Дискавери и Амазон.

Новиот договор е за 10% попрофитабилен од претходниот, кој истекува во 2024 година.

The post ТВ правата за НАСКАР се платени со 7,7 милијарди долари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK