Заради ненавремени исплати и заради негирање на постоечки долг од 1.5 милиони евра од страна на Данела Арсовска, 1.5 милиони денари ќе треба да се исплати од страна на ЈСП кон приватните превозници, соопшти на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
-Со одлука на суд, спротивно на тврдењата на Арсовска дека нема долг на ЈСП кон приватниците, сега ЈСП кое и онака е во колапс, ќе треба да исплати високи затезни камати за долг од 1.5 милиони евра.
Математиката покажува еден милион и 200 илјади денари за затезни камати зголемени за 10% и околу 300 илјади за судски трошоци и надоместоци, вкупно 1.5 милиони денари!
За потсетување Арсовска лани негираше дека има долг кон приватните превозници од 1.5 милиони евра, кои почнаа со штрајк и блокади, за потоа во март годинава Арсовска да направи договор со приватните превозници за исплата на долгот од 1.5 милиони евра, но и да го сокрие договорот за исплата на долгот.
Прашањето на коешто Арсовска сега треба да одговори е дали дополнителната исплата на камати од 1.5 милиони денари можеше да биде спречена доколку се исплатеше побаруваниот долг кога приватниците ги побараа?
Но и дали постои таен договор, на овој начин да се исплаќаат дополнителни камати за неисплатените фактури кон приватните превозници, со што се оштетува буџетот на Град Скопје?
1.5 милиони денари за казни кога се бара спас и постојани финансиски инјекции за ЈСП, а граѓаните не добиваат подобри, или пак никакви услуги?
Со вакви неразумни зафати и со бегање од вистината, Данела Арсовска системски го уништува ЈСП.
И наместо „Модерно Скопје”, Данела Арсовска ги уништува јавните претпријатија со туркање во долгови и со креирање ситуации за казни, затезни камати, за тужби и судски трошоци.
Следете не, не има насекаде