Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе услови значително зголемување на дневната температура и забрзано топење на снежната покривка, информираат денеска од УХМР.
Минималната температура утре ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 13 до 17 степни Целзиусови.
Во сабота минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната од 13 до 19 степени.
Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и долж Поварадрието ќе засилува.
Од понеделник температурата повторно ќе се намали.
Следете не, не има насекаде