ноември 22, 2024

Руската манекенка Ирина Двизова (42) и нејзината 15-годишна ќерка Дијана се пронајдени мртви во Турција. Како што пишува Дејли Мејл, нивните тела биле пронајдени завиткани во чаршафи во близина на луксузен хотел во популарното турско летувалиште Бодрум. Полицијата веднаш започнала истрага, а постои сомнение дека зад ова злосторство стои нејзиниот поранешен сопруг Андреј Кушлевич (45) бидејќи поранешните сопружници биле во нарушени односи и неодамна имале расправија за старателството над синот.

ТРУЕЛ КУЧИЊА СО САЛАМА ПОТОПЕНА ВО ОТРОВ Жител на Kавадаречко обвинет…

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 …
Шаленберг од Скопје: ОБСЕ е на апарати

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг оцени дека ОБСЕ е „на апарати“ и дека и по решавањето на проблемот со претседавачот, таа меѓународна организација се уште не е спасена.ОБСЕ е на апарати …

Откако го пронашла телото, полицијата почнала да трага по поранешниот сопруг на Ирина. Во вилата каде што престојувале биле пронајдени траги од крв и отпечатоци од машки чевли, а на телото на манекенката и нејзината ќерка биле пронајдени прострелни рани, што исто така е една од индициите што може да доведат до поранешниот сопруг на Ирина, кој бил обезбедување на бизнисмен од Украина.

Постои сомнени дека зад ова злосторство стоела расправија на двојката за старателството над синот Макар кој исчезнал по страшниот настан.

Турската полиција побарала помош од Интерпол за пронаоѓање на Андреј и момчето, кое наводно било со мајка му и сестра му било во Турција, а сега не се знае каде се наоѓа.

Како што пишува Дејли Мејл, Ирина неодамна почнала да работи во Бодрум како агент за недвижности, а пред тоа со години се занимавала со манекенство.

Откако извесно време не возвраќала на пораките и повиците на семејството, нејзиниот фитнес тренер отишол во вилата во која живеела на барање на семејството и открил дека вратата била насилно отворена.

Нејзината ќерка била TikToker со околу 30.000 претплатници на оваа социјална мрежа и имала намера да ги следи стапките на нејзината мајка и да стане модел. Дијана неодамна објави видео на социјалните мрежи во кое вели дека летнала во Истанбул со нејзината мајка за да го прослави својот 15-ти роденден.

Поранешниот сопруг на Ирина од претходно го бара полицијата бидејќи избегал од притвор откако бил уапсен за наводна кражба.

На овој случај реагираа и руски дипломати во Турција и се во контакт со турските власти во врска со смртта на мајката и ќерката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK