ноември 22, 2024

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик.

Шаленберг од Скопје: ОБСЕ е на апарати

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг оцени дека ОБСЕ е „на апарати“ и дека и по решавањето на проблемот со претседавачот, таа меѓународна организација се уште не е …

Како што информира државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.

„Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало“, соопшти ЈОРСМ.

Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело.

Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK