ноември 22, 2024

„Откако СВР Охрид и ЈО Охрид не се одважија по допрен глас да постапат во однос на борбите на кучиња кои се организираат и одржувааат во континуитет на оградена јавна површина, ринг, – активисти од Левица поднесоа кривична пријава против три физички лица со можност за проширување на истата и против други лица“, велат од Левица.

ТРУЕЛ КУЧИЊА СО САЛАМА ПОТОПЕНА ВО ОТРОВ Жител на Kавадаречко обвинет…

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска …
Шаленберг од Скопје: ОБСЕ е на апарати

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг оцени дека ОБСЕ е „на апарати“ и дека и по решавањето на проблемот со претседавачот, таа меѓународна организација се уште не е спасена.ОБСЕ …

„Законот за заштита и благосостојба на животните изрично забранува организирање на ваков тип на борби на кучиња, како и обложување за истите, а убивањето, измачувањето, изживувањето врз животните е инкриминирано со член 233 од Кривичниот законик.

Според неофицијални информации, борбите на кучиња претставуваат илегален бизнис, по пат на обложување со сума од 6.000 до 10.000 евра! За убивањето, измачувањето, нанесувањето на болка, маки, грубото злоупотребување на животните од користољубие (материјална или друга корист) е предвидена потешка казна, односно согласно член 233 став 3 од КЗ – казна затвор од една до пет години.

Сметаме дека во целост се исполнети законските услови за кривичен прогон за конкретното кривично дело кое, за жал, поради досегашна неказнивост – јавно и отворено се практикува во континуитет, се третира како јавна тајна и нормална појава – иако се предвидени законски одредби и казни кои се во насока на заштита на немоќните, животните, но и кон одржувањето на едно здраво општество.

На потег е Јавното обвинителство Охрид кое очекуваме да постапи по кривичната пријава и конечно да се прекинат ваквите нехумани борби“, соопшти Левица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK