Најголемата модна ноќ во светот, Met Gala 2026, повторно ги собра светските ѕвезди на скалите на Metropolitan Museum of Art во Њујорк, каде темата „Костимска уметност“ донесе спектакл од креативност, екстраваганција и смели модни експерименти.
Гостите оваа година не штедеа на имагинација – од пердуви и драматични наметки до неочекувани детали како огледала и цели конструкции на главата. Организаторите ги охрабрија ѕвездите да излезат од рамките и да ја претворат модата во вистинска уметност.

Меѓу највпечатливите беше Beyoncé, која се врати на Мет Галата по десет години пауза, облечена во раскошна креација со масивен пердувест плашт, дело на францускиот дизајнер Оливие Рустен. На црвениот тепих ѝ се придружија сопругот Jay-Z и ќерката Блу Ајви.

Rihanna повторно го привлече вниманието, овој пат и со доцнењето, појавувајќи се во впечатлива сребрена комбинација заедно со A$AP Rocky.


Главната уредничка на Вог, Anna Wintour, остана доследна на својот стил, но со креација украсена со пердуви, специјално изработена од Шанел. Во црвено издание блесна и Nicole Kidman, додека сестрите Venus Williams и Serena Williams се одлучија за елегантни, светкави комбинации.



Некои ѕвезди буквално беа непрепознатливи – Heidi Klum се појави како мермерна статуа со вел преку лицето, додека Bad Bunny се маскираше како постар човек.


Меѓу најнеобичните изгледи беше и оној на Madonna, која носеше украс на глава во форма на едрен брод, додека Katy Perry се појави со маска што имитира огледало.


Свое впечатливо издание имаа и Doja Cat со смел крој, Naomi Osaka со необичен шешир и црвени ракавици, како и Cara Delevingne во драматично црно.



Овогодинешната Мет Гала уште еднаш потврди дека не е само моден настан, туку глобална сцена за креативност, каде границите меѓу модата и уметноста речиси исчезнуваат.
The post (ФОТО) Мет Гала 2026: Пердуви, огледала и брод на глава – најлудите модни изданија на црвениот тепих appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
