мај 12, 2024

Победничката низа на Реал Мадрид во Евролигата заврш во Истанбул. Во неверојатна завршница, Фенербахче по едно продолжение го победи Реал со 100:99. Реал првиот пораз го доживеа во 11.коло, додека Фенербахче има скор од шест победи и пет порази.

Текот на мечот, до 35 минута не навестуваше драма во Улкер арена во Истанбул. Реал рутински ја чуваше предноста која ја стекна во првата четвртина (16:29).

Кога Реал во 34.минута стекна предност од 14 поени се чинеше дека работата е завршена, меѓутоа така не мислеа играчите на Фенербахче. Направија серија 8:0, одиграа добро во одбраната до самиот крај, а со трјката на Вилбекин на девет секунди до крајот изборија продолженија.

Во дополнителните пет минути Реал одржуваше предност од четири поени. Драмата кулминираше во последните десет секунди. Хезоња реалзираше едно слободно фрлање (96:99(, потоа Гудуриќ погоди од линијата за слободни (98:99). На шест секунди до крајот Кампацо беше добро затоврен по приемот на топката, Гудуриќ ја украде му асистираше на Мадар кој го постави конечниот резултат.

Најефикасен кај Фенербахче беше српскиот кошаркар Марко Гудуриќ, кој мечот го заврши со 21 поен, пет асистенции и седум скока. Вилбекин додаде 19, Мадар 17, Хејс 16, а Калатес 13 поени.

Кај Реал одличен беше Факундо Кампацо со 33 поени и седум асистенции. Дек и Љуљ додадоа по 14 поени, а Муса и Поарје по 11 поени.

Yam Madar WINS IT FOR @FBBasketbol#MagicMoment pic.twitter.com/QMPd0cv7YH

— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 30, 2023

The post (Видео) Спектакл во Истанбул, Фенербахче му го нанесе првиот пораз на Реал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK