мај 15, 2024

Полски фудбалски хулигани, повредија четворица полицајци, од кои еден заврши во болница, пред гостувањето на Легија во Бирмингем против Астон Вила.

Драматичните снимки доаѓаат од Бирмингем од жестоките пресметки меѓу полицијата и хулиганите на улиците на англискиот град во четвртокот вечерта, кои доведоа до 39 апсења.

Еден полицаец кој бил зафатен од пламен откако бил погоден од факел се здобил со изгореници и бил хоспитализиран.

На полските навивачи потоа им беше забрането да влезат на „Вила парк“, но мала група успеа да ја пробие безбедносната ограда и да се доближи доволно до стадионот и гласно да го прослават голот на Легија.

Вила подоцна успеа да направи пресврт и да победи со 2.1.

Навивачите насилно влегоа откако полицијата на Вест Мидлендс објави на социјалните мрежи дека не ги пушта навивачите на Легијата на стадионот откако ја нападнаа полицијата со факели.

„Ова требаше да биде одлична фудбалска вечер за навивачите на двата клуба требаа да уживаат. За жал, имаше ужасни сцени каде навивачите фрлаа факели и други проектили врз нашите полицајци“, рече главниот инспектор Тим Робинсон, командантот на органите за спроведување на законот кој беше одговорен. на натпреварот.

„Бевме таму за да помогнеме луѓето да бидат безбедни, но безбедноста на полицајците беше загрозена од жалните постапки на другите. Поради екстремното насилство, немаше друг избор освен да ги спречиме навивачите да влезат на стадионот. Безбедноста на сите е наша приоритет и јасно е дека немавме друга опција“, додаде Робинсон.

„Дејли мејл“, пренесува дека од Легија не биле задоволни од намалувањето на бројот на билети, кои требало да ги добијат нивните навивачи. Астон Вила од првичните 2.100 им доделила само 890 билети. Одлуката била донесена по консултации со полицијата.

Правилата на УЕФА му дозволуваат на гостинската екипа пет проценти од капацитетот на стадионот, што би било еднакво на 2.100 билети на „Вила парк“.

Во официјалното соопштение од Легија, тие ја обвинија англсикиот клуб, дека одбил да им додели билети на гостинските навивачи во согласност со прописите на УЕФА за натпревар од Лига Европа.

Полјаците тврдат дека на 21. септември договориле со своите колеги наместо 2.100, да добијат 1.700 влезници.

Соочена со оваа неодржлива ситуација, Легија постојано апелираше до Астон Вила, барајќи од нив да ги почитуваат прописите поставени на 21 септември.

Вила возврати со сопствена изјава во четвртокот вечерта, осудувајќи ги сцените на насилство на улиците пред нивниот стадион.

„Фудбалскиот клуб Астон Вила може да потврди дека ниту еден гостински навивачи не смеел да влезе во Вила Парк по совет на полицијата на Вест Мидлендс по големите немири надвор од стадионот предизвикани од гостински навивачи“.

Вила објасни зошто е намален бројот на билети за Полјаците.

„Безбедносните власти на Обединетото Кралство, УЕФА и Астон Вила, на 2. ноември објавија дека доделувањето билети за гостинските навивачи за овој натпревар ќе се намали на 1.002 по совет на безбедносните власти како резултат на претходните големи немири предизвикани од навивачите на Легија во Алкмар, претходниот месец”.

За време на нередите во Алкмар беа повредени неколку холандски полицајци. Поради тоа, УЕФА им забрани на навивачите на Легија да патуваат во Мостар на натпреварот против Зрињски.

„И покрај многубројните барања за соработка од Легија во однос на нивните навивачи, особено во последните два дена, од гостинскиот клуб не добивме никаква помош во врска со сериозните безбедносни прашања, односно дека навивачи без влезници ќе се обидат да влезат на стадионот“.

Навивачите на Легија се упатија кон стадионот пред почетокот на натпреварот, но беа пречекани со бариера и ѕид од полицајци кои носеа шлемови со штитници за да се заштитат.

Ова ги налути полските навивачи кои ги гаѓаа со факели и други пиротехнички сретства.

На теренот, Вила се одмазди за нивниот претходен пораз во групата во Полска победувајќи ја Легија со 2-1 благодарение на головите на Муса Дијаби и Алекс Морено.

The post (Видео) Хулиганите на Легија повредија четворица полицајци во Бирмингем appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK