мај 15, 2024

Зинедин Зидан, легендарниот француски фудбалер го избра најдобриот играч во историјата на фудбалот. Иако го понижуваше на тренинг, тој смета дека е далеку пред сите, што го потврди и во последното интервју.

Познатиот Зизу се присети на една анегдота од времето кога играше за Реал и го искористи интервјуто да каже дека најдобар играч со кого го делел теренот е Роналдо Назарио.

„Беше малку смешно кога играв со Роналдо. Тој (Роанлдо Назарио) доаѓа на тренинг и ми вели денеска двапати ќе ти ја протнам топката низ нозе. Тоа и ќе го направеше. Затоа што ако не го направеше тоа, тогаш им служеше за потсмев на останатите играчи. Тој е убедливо највешт фудбалер, тој е пред сите други. Тој е феноменална личност која постојано се шегува“, рекол Зидан.

Роналдо многумина го сметаат за најдобриот играч на сите времиња, Бразилецот во текот на кариерата имаше големи проблеми со повредите, поради што предвреме ја заврши кариерата.

The post Зидан: Роналдо Назарио е далеку пред сите, едноставно најдобар appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK