септември 19, 2024

Шведската принцеза Викторија и нејзиниот сопруг, принцот Даниел дојдоа во официјална тридневна посета на Велика Британија.

Втората вечер од посетата тие ја поминаа во лондонската „Ројал Алберт Хол“, во друштво на принцезата и принцот од Велс.

Повод за нивната средба беше „Royal Variety Show“ од хуманитарен карактер, каде секоја година се собираат средства за „Royal Variety Foundation“. На овој настан традиционално присуствуваат истакнати членови на британското кралско семејство, а овојпат им се придружија и истакнати гости од шведското кралско семејство.

Кејт Мидлтон воодушеви многумина со својот стајлинг. Принцезата од Велс избра долг син фустан од лондонскиот бренд „Safiyaa“ со долги ракави кои создаваат илузија на наметка и јака украсена со блескави апликации.

Таа го дополни фустанот со сини мокасини со потпис на Џанвито Роси направени од брусена кожа и чанта Џени Пакам.

Фустаните од брендот „Safiyaa“ ги носеше и Меган Маркл во неколку важни прилики кога сè уште беше активен член на британското кралско семејство, па многумина повторно направија паралела меѓу новото издание на принцезата и нејзината снаа.

За свечено вечерно излегување, принцезата Викторија избра фустан од шведскиот бренд „Toteme“ и го надополни со шал од истиот материјал како и фустанот.

The post Принцезата Кејт се облече како холивудска ѕвезда и предизвика восхит appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK