септември 19, 2024

Крај на фудбалската кариера стави 38-годишниот бразилски фудбалер Филипе Луис, без кого некогаш беше невозможно да се замисли одбраната на Атлетико Мадрид.

„Претходно си ветив дека ќе престанам да играм фудбал кога веќе нема да се чувствувам добро и кога нема да можам да играм на нивото што мислам дека треба. Дојде тој момент. Штета бидејќи мислев дека ќе играм 45 години“, изјави левиот бек, кој во кариерата одигра 44 натпревари за бразилската репрезентација и постигна два гола.

Филипе Луис ја заврши кариерата во бразилски Фламенго, но најдлабока трага остави играјќи за Атлетико Мадрид. Во тој клуб играше двапати, од 2010 до 2014 година и од 2015 до 2019 година. Меѓу двата мандати во Атлетико, една сезона го носеше дресот на Челзи.

Со Атлетико, Филипе Луис освои една титула во шпанската Ла Лига, еден Куп на кралот, два трофеи во Лига Европа и три европски Суперкупа. Играше и за Фигуеиренсе, Ајакс, вториот тим на Реал и Депортиво Ла Коруња.

The post Се пензионираше уште еден од поранешните „војници“ на Чоло Симеоне appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK