мај 16, 2024

Роберто Манчини го користи угледот, влијанието и контактите кои како селектор на Саудиска Арабија ги има во таа земја која е исклучително заинтересирана да инвестира во фудбалот и спортот воопшто.

Италијанските медиуми пренесуваат дека легендарниот напаѓач на Сампдорија, чии дрес го носеше 15 години и беше дел од тимот што ја освои титулата во 1991 година, доброволно се ангажирал во преговорите со саудиското кралско семејство, односно моќниот „ПИФ“ фонд. Манчини ги убедува да инвестираат во Сампдорија.

Сампдорија се натпреварува во Серија Б оваа сезона, откако минатата година имаше повеќе менаџери (4) отколку победи во Серија А (3).

Сепак, резултатите во моментот се најмалиот проблем за клубот од „Мараси“. Многу поголеми проблеми шампионот во Серија А во 1991 и финалистот на Лигата на шампионите во 1992 година има со финансиите.

Клубот во моментов е во сопственост на двајца бизнисмени, Андреа Радричани и Матео Манфреди. Медиумите пишуваат дека Манфреди е далеку поамбициозен, ангажиран и на крајот поспособен. Медиумите пишуваат дека Манфреди преговара со малите акционери за купување на нов пакет акции, што ќе го зголеми неговиот удел и ќе донесе свежи средства во клубот.

Идејата на Манфреди е Сампдорија да стане дел од „мрежата“ што фондот „ПИФ“ ја плете низ светот, односно да стане нешто како „италијански Њукасл“.

Тој најави посета на Саудиска Арабија на 13 декември, кога во Џеда ќе биде отворено Светското клупско првенство на ФИФА, каде наводно во друштво на Манчини ќе се сретне со самиот принц Мохамед бин Салман Ал Сауд.

The post Манчини лобира Сампдорија да стане „италијански Њукасл“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK