септември 19, 2024

Натпреварот од 13. коло во Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и Унион е одложен поради силната снежна бура која ја зафати Германија.

Снегот создаде големи проблеми во сообраќајот, предизвика вистински колапс, а дел од навивачите не можеа да присуствуваат на натпреварот.

Фудбалерите на Унион веќе пристигнаа во Минхен, а според Билд, теренот на Алијанц Арената би можел да биде подготвен за натпреварот. Сепак, поради тешкото доаѓање и заминување на навивачите, одлучено е натпреварот да се одложи.

Фудбалерите на двата тима нема многу да се жалат бидејќи зад нив е многу тежок период од настапот во домашната лига и Лигата на шампионите.

Според распоредот, следен ривал за Баварците е Ајнтрахт, на 9 декември во Франкфурт, додека берлинскиот тим истиот ден игра на домашен терен со Борусија Менхенгладбах.

The post Итна одлука на Бундеслигата: Одложен мечот на Баерн, снегот го спречи дербито во Германија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK