септември 20, 2024

Решението не е дефинитивно потврдено од партнерите во власта, но е најизвесната варијанта во овој момент на маса, додава изворот на ,,360 степени”. Со него би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, а во случај да не се избере шеф на државата, в.д. претседател би бил етнички Македонец.

Талат Џафери од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред избори, а Јован Митрески од СДСМ – нов претседател на Собранието. Ова, според извор на ,,360 степени” во владејачката коалиција, е најсериозната варијанта за спроведување на политичкиот договор постигнат меѓу Зоран Заев и Али Ахмети во 2020 година, во пресрет на парламентарните и претседателските избори в година.

Со ваквото решение, би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, во случај да не се избере шеф на државата, в.д. претседател би бил етнички Македонец, брифирале извори во владејачкото мнозинство..

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK