септември 20, 2024

Дали бугарскиот кнез Фердинант I во 1896 година на меѓународна средба говорел и незнаел што зборува за Македонија или денес Македонија е подложен на класична уцена од Бугарија да прифати нешто што не било?

Во 1896 год. Бугарија и Србија веќе имаат кнежевство кое е еден вид силна автономија блиска до полна независност од Османлиската Империјa. Имаат и свои државни институции, кнез, премиери, функционери, министри, администрација, политика, безбедносни сили. Бугарија 11 години подоцна ја стекнува и полната формална независност.

Македонија во тоа време сеуште го немала тоа и по руско-турската војна и Берлискиот конгрес во 1878 година останала провинција на Осмалиската Империја. Така освен државноста во форма на кнежевства и управувањето со еконосмкиот и општествен живот и политика во кнежевстата почнал да се подобрува животот и животниот стандард, па многу Македонци емигрирале во Бугарија заради еконосмки причини и неподносливиот живот дома.

Бугарскиот во тоа време сеуште кнез, а подоцна и цар, Фердинант I Саксобуршки, не го делел истото мислење со денешната генерација политичари во Бугарија кои тврдат дека Македонците до 1944 биле Бугари, и тврдат и дека дотогаш говореле на бугарски јазик.

Следствено на тоа произлегува дека историјата им била бугарска.

Тоа е период кога главно преку црквите и црковните училишта Бугарите и Грците кои веќе имаат еден вид државност инвестирале големи пари во безмилосна политика на асимилација на Македонците под османлиска власт, верувајки дека по извесниот пад на Империјата ќе ги придобијат и присвојат.

Навистина таа политика краткорочно дала делумен резултат, кај дел од населението, но не целосен и посакуван. Србите иако со помал интензитет и малку подоцна, но и тие имале свои планови и активности во Македонија во тој период на истото поле.

Кнезот на Бугарија, Фердинант, на 6 април 1896 година имал средба и разговорот со српскиот дипломат Владан Ѓорѓевик во Цариград, денешен Истанбул, на кој формално сеуште му биле подредени. На тој разговор тој ја истакнал потребата од српско-бугарско зближување, особено по прашањето за Македонија, каде што, меѓу другото, истакнал:
“Во Македонија главната маса од населението ниту се Бугари, ниту се Срби, туку Словени и христијани кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок и на српскиот и на бугарскиот јазик, но јазик кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик.

Наместо да се караме околу тоа дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме на тоа овде, кај нашиот заеднички Тате, кај султанот – за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток… Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето коешто никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција”.

Сето ова вклучувајки и делот дека населението во Македонија не се Бугари и јазикот не им е бугарски е кажано од првиот чивек на Бугарија речиси половина век пред создавањето на Македонската државност на заседанието на АСНОМ на 2 август 1944 година.

И тоа не од било кој, туку од првиот човек на кнежевството Бугарија, а подоцна и цар на Бугарија, чии наследници денес го попречуваат влезот на Македонија во ЕУ барајки да прифатиме дека бугарскиот кнез а подоцна цар Фердинант I не знаел што зборува во тоа време и дека овие политичари, историчари и разни пропагандисти во Бугарија денес, повеќе знаат од тој што знаел, гледал, слушал, добивал секојдневно разузнавачки информации од теренот кој бил од негов интерес, за тоа каква е реалноста во Македонија тогаш додека тој бил жив, здрав, при чиста памет, бил прв човек на Бугарија и во полна активност.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK