март 18, 2025 11:23:46 AM

Не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе. Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна, разочарана, се огласи на социјалните мрежи Тамара Тодевска за смртта на нејзините колеги од ДНК.

И не сакам да бирам зборови и сето ова да звучи „пристојно“ и „коректно“. Затоа што тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку.
Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби… Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент… Горги беше наш колега, чие време допрва доаѓаше…
Оставете ја „шупата“.

Нека сведочи за нашата мизерија, за колективната негрижа, корупција и мизерија. Нас ни нема спас.
Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа во Кочани… до следната трагедија’, напиша Тодевска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK