март 18, 2025 11:10:31 AM

Гробиштата во Кочани се прошируваат поради големиот број починати во пожарот од дискотеката „Пулс”.

Жртвите ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта.

„Ројтерс“ објави видео од багерите кои веќе се на терен и ги копаат гробните места.

.Претходно, од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот.

Исто, упатена е препорака и да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.

Во пожарот загинаа 59 млади луѓе, осомничени се 22 лица.

……….
Видео ТУКА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK