Љупчо Палевски – Палчо е лицето по кое се трага, а го поврзуваат со киднапирањето на Вања Ѓорчевска. Тој во моментов е надвор од Македонија. Палчо имал контакти со останатите осомничени во групата, а тие го посочиле кога биле приведени.
Тој е претседател на движењето „Трета“ кое беше негово политичко здружување. Станува збор за лице кое беше јавно експонирано, а имаше и свои поткасти.
Трите лица кои се уапсени се сеуште на распит, по што ќе бидат спроведени во Кривичен суд. Ќе се бара притвор. Неофицијално, приведени се и други лица чии поврзувања во моментов се проверуваат.
Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.
Следете не, не има насекаде