септември 20, 2024

Полицијата трага по првоосомничениот за убиството на 14-годишното девојче со иницијали Љ.П. и прекар П. Тројцата помагачи го признале делото, објави доцна вечерва ДОЈЧЕ ВЕЛЕ.
Полицијата трага по лицето Љ.П. од Скопје кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Првоосомничениот избегал од државата, а трагата му се губи во Србија, велат извори од истрагата за ДВ. Во моментов не се знае каде е, и по него се трага.

Трите лица кои се приведени како осомничени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска се негови блиски соработници и во политичката партија „Десна“, која Љ.П. ја предводи. Петтото лице вмешано во случајот не е приведено, но е задржано на распит во полициска станица.
Во неделата вечерта, полицијата и обвинителството соопштија дека го пронашле безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска во околината на Скопје. Девојчето, по кое полицијата трагаше седум дена, било убиено само неколку часа откако било киднапирано од пред својот дом во Скопје, во понеделникот на 27 ноември. Од киднапирањето на Ѓорчевска до нејзиното убиство минале околу 2,5 часа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK