септември 20, 2024

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред малку на прес-конференцијата информираше дека е расчистен случајот со убиствата на малата Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Според него, лицата биле убиени и закопани.

Осомничени се пет лица, тројца се во притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице- таткото на малолетничката е приведен и со него е извршен разговор

Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со близок член на семејството, го организирал извршувањето на делото, со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. За другата жртва, Панче од Велес, нема никаква врска со Вања, но поради нерасчистени односи со еден од осомничените, неговото возило е употребено за грабнување на малолетничката од влезот од каде што живеела. Според исказите на осомничените, таткото споделил информации со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома, кажа Спасовски на прес конференцијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK