септември 20, 2024

Репрезентацијата на Албанија на Европското првенство, од 14 јуни до 14 јули, ќе ифра во „групата на смртта“. Противници на Албанија ќе бидат актуелниот шампион Италија, Шпанија и бронзената селекција на Хрватска ид Светското првенство во Катар.

Селекторот на Албанија, Бразиелцот Силвињо ирнонично ја коментираше ждрепката.

„Недостасуваат само Бразил и Аргентина! Не можам да се пожалам на ждрепката. Секоја група би била пекол за Албанија. Нема лесни противници на ЕП. Добивме репрезентации кои имаат големо искуство да играат на вакви турнири Тоа е голем предизвик за нас. Сите против нас се фаворити, но беа фаворити беа и Полска и Чешка. Работев во Италија, живеев и играв во Шпанија. Ги знам двата фудбалски менталитети. Можеби ќе ми помогнат подобро да го подготвам тимот“, рече Силвињо.

The post Селекторот на Албанија: Недостасуваат Бразил и Аргентина за групата да биде комплетна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK