септември 20, 2024

Љупчо Палевски – Палчо осомничениот организатор и извршител на двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, не е во Бугарија, соопшти за „Слободен печат“ денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Информацијата дека Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

КИДНАПИРАНИ КАКО ВАЊА ИМААТ ШАНСА ДА ПРЕЖИВЕАТ САМО 4 ЧАСА; Еве што вели творецот на српскиот Центар за исчезнати лица

Игор Јуриќ за ТВ Нова откри како го следел овој случај со оглед на тоа што имало голем интерес и контакти од македонските медиуми и дали можел да понуди некоја конкретна помош. Во …
(Видео) Мицкоски се среќавал со Палчо во неговиот дом – за што разговарале?!

Христијан Мицкоски најмалку три пати се сретнал со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска и Жежовски Панче, Љупчо Палевски, Палчо. За средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат …

Спасовски нагласи дека осомничениот Палевски по убиството на Вања, со автомобил заедно со својот адвокат тргнал до Белград, од каде следниот ден заминал во Бугарија.

-Нема информации дека по ова лице се трага во Бугарија или дека се бара со меѓународна потерница. Во моментов нема информации дека се наоѓа на бугарска територија, соопшти бугарското МВР за „Слободен печат“.

Министерот Спасовски истакна дека МВР ќе стори се за да го пронајде и изведе пред лицето на правдата, како што рече, „монструм“, кој кривичното дело го извршил од користољубие.

-Можам да ветам дека ќе сторам се, и јас и институцијата ова лице или ако сакате подобро овој монструм, на кјој му ја следиме трагата час поскоро, штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата.

На страницата на Интерпол до овој момент се уште не е издадена меѓународна црвена потерница по Љупчо Палевски, како барано лице за двојно убиство во Македонија.

Бидејќи случајот е во предистрага се уште не може да се издаде меѓународна потерница по осомниченото лице, нагласи обвинителот Гаврил Бубевски и додаде дека за убиствата обвинителството ќе побара максимална казна, а тоа во нашата држава е доживотен затвор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK