септември 20, 2024

Без разлика на нејзината првобитна цена, многумина се подготвени да платат и до 100.000 евра за едноставна кремаста блуза со розова машна, која, сепак, стана дел од модерната историја. Имено, елегантната блуза принцезата Дијана ја носеше во 1981 година за нејзиниот свршенички портрет.

Сега на аукција на Julien’s Auctions во Беверли Хилс ќе се продава крем блуза со јака налик на карнер, а се очекува нејзината цена да достигне 100.000 евра.

Познатата блуза ја создадоа дизајнерите Дејвид и Елизабет Емануел,кои подоцна ја дизајнираа венчаницата на Дијана,а фотографот Лорд Сноудон ја фотографираше Дијана во блузата за магазинот Vogue во февруари 1981 година.

Дел од модерната британска историја,иконската блуза претходно беше изложена во палатата Кенсингтон во Лондон како дел од изложбата „Diana: Her Fashion Story till 2019“.

Облеката се очекува да го привлече вниманието на колекционерите од целиот свет бидејќи продажбата се совпаѓа со објавувањето на новите епизоди на „The Crown“ на Нетфликс,што повторно ќе го разгори глобалниот интерес за покојната принцеза.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK