ноември 29, 2024

Во случај да земате одредени лекови, во комбинација со алкохол можат да остават различни последици на здравјето.

Кога станува збор за некои лекови, нивното земање со алкохол значи дека едноставно нема да бидат толку ефикасни, додека во други случаи вакво нешто може да биде опасно по живот, пишува Science Alert.
Постојат лекови кои ниту во еден случај не треба да дојдат во допир со алкохол, а тоа се лекови против депресија, анксиозност, шизофренија, болки (освен парацетамол), нарушувања во спиењето, алергија, настинка и грип.

Секој од овие лекови може да предизвика сериозни последици за организмот. Земањето лекови со алкохол може да нè направи поспани, да ги забави пулсот и дишењето. Во екстремни случаи може да доведе до кома или до смрт.
Најлоши последици има кај луѓето кои земаат два или повеќе вида лекови.

Зошто се случува тоа?
Откако ќе го испиеме лекот, тој патува во нашиот желудник од каде телото го испраќа во црниот дроб каде се метаболизира и разградува пред да оди во крвотокот. Секој лек што го земаме посебно се дозира, а кога пиеме и алкохол, тоа дополнително влијае на начинот на кој лекот се метаболизира.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK