Јане Ченто кој испрати заканувачка порака до убијците на Вања Ѓорчевска (14) познава еден од осомничените кој моментално е во бегство.
За киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, тројцата осомничени сторители веќе се во истражен затвор во Шутка, каде најпрвин ќе им биде одреден притвор од 48 часа, а потоа ќе им се определи нова мерка притвор.
Пред да пристигнат убијците во затворот, добиле порака од затвореникот Горан Андонов – Ќосето.
,,Само да ве донесат, ќе ја имате најдобрата пресуда!“, им порача Горан Андонов Ќосето.
Но, за шокот да биде уште поголем, Андонов на својот Фејсбук профил има фотографии со Љупчо Палески-Палчо, кој е главниот осомничен за убиството на Вања.
Тој е во бегство, а познато е дека прво заминал во Белград, а потоа во Бугарија.
Кој друг е осомничен за грозоморното злосторство?
Велибор Манев е еден од тројцата уапсени за убиството на Вања Ѓорѓевска (14). Тој е првоосомничен кој е изведен пред суд, а на прашањето: „Дали ја убил Вања“, тој негирал. Тој молчеше кога го прашаа за неговата вина и признание. Ова е единствениот осомничен кој бил внесен во зградата од паркингот на судската палата.
Манев бил пријател со Љупчо Палески-Палчо, кој исто така е еден од осомничените. Тој, давал информации за планирањето и извршувањето на киднапирањата, а подоцна и за убиствата на Вања и Панче Жежовски. Осомничени се и Боре Видевски и Влатко Кекишев, како и таткото на девојчето.
Следете не, не има насекаде